-

Трендови во 2026: бои, технологија и ентериер

Во 2026 ќе се фокусираме на деталите што оставаат впечаток

Трендови во 2026: бои, технологија и ентериер

Во 2026 ќе се фокусираме на деталите што оставаат впечаток. Чоколадно кафеавата е новата црна боја – сите ја носат затоа што изгледа скапо на фотографија. Паметниот прстен блеска кога ја плаќаш сметката. Телефонот во портокалова боја лежи на масата и сите прашуваат за него. Домот веќе не е како од каталог, туку треба да изгледа дека некој навистина да живее таму. Бордо, темнозелено, топло беж се боите што создаваат чувство на луксуз.Жичените слушалки пак се враќаат како моден бунт. Еве што би те направило тренди во 2026 – конкретни работи што покажуваат дека си во тренд и имаш стил.

Боите што сите ќе ги носат

Чоколадно кафеавата боја е насекаде во 2026. Гледај на неа како на надградба на здодевната црна. Телефон во кафеава боја? Изгледа луксузно. Чанта во кафеава боја? Изгледа како дизајнерска. Маска за телефон во кафеава боја? Како да си ја купил од Милано, а не од Temu.

Бордо е вториот голем играч. Совршено функционира за аксесоари – паричник, ремен, чанта. Темнозеленото (маслинесто, смарагдно) е за оние што сакаат да изгледаат софистицирано без труд. Користи топли беж нијанси: карамела, екру, песочна, како основа. Врз нив сè друго доаѓа до израз.

Златото веќе не блеска, туку е мат. Истото важи за сите метални детали. Сјајното е out, мат е in. Запомни ја формулата: основна боја (кафеава), акцент (бордо), позадина (беж). Готово, веќе изгледаш како да знаеш што правиш!

Технологијата што сите ќе ја сакаат

Паметните очила веќе не изгледаат како направа од футуристички филм. Ray-Ban Meta или Xiaomi изгледаат како обични очила што би ги носел и без „smart“ функциите. Преведуваат мени во ресторан, снимаат состанок без да вадиш телефон, покажуваат GPS насока без да гледаш екран. Чинат меѓу 12.000 денари и 21.000 денари. Не е малку, но вредат ако патуваш или имаш многу состаноци.

Паметниот прстен е хитот на годината. Oura Ring, Samsung Galaxy Ring – ти избери. Следи пулс, сон, стрес. Го отклучува телефонот, плаќа бесконтактно, менува слајдови на презентација. Сите го гледаат кога ќе кренеш чаша или ќе платиш сметка. Мат финиш, минималистички дизајн. Чини меѓу 20.000денари и 70.000денари, но трае со години, а придобивките се непроценливи.

iPhone 17 Pro во Cosmic Orange е телефонот на 2026 година. Портокаловата боја се забележува низ целото кафуле. Го оставаш на маса и станува дел од твојот outfit. Samsung одговара со зелена, Google Pixel со бордо. Телефонот веќе не се крие, туку се покажува.

Жичените слушалки се модерни. Да, добро прочита. Apple EarPods за 1.200денари или стари Sony од фиока. Алтернативен vibe против безжичната досада. Ако сакаш нешто поскапо, Marshall слушалки во кафеаво или Sony во зелено. Over-ear моделите сè уште држат.

Домот што сите ќе го фотографираат

Заборави на совршен дом како од каталог. Домот треба да изгледа жив, удобен и реален. Трикот? Еден „wow“ предмет и неколку добри детали.

Акцентот треба да истакнува: голема керамичка ламба, тепих со интересна текстура, фотелја од модерна ткаенина. Деталите го довршуваат изгледот: перници во бордо, ќебе со крупна плетка, керамички чинии и вазни. Материјалите се важни, груб лен, мат метал, необработено дрво. Сè треба да изгледа така што ќе посакаш да го допреш за да ја почувствуваш текстурата.

Боите се исти како кај облеката и технологијата. Беж основа, кафеави и зелени акценти, малку метал за сјај. Резултат? Дом што изгледа скапо на Instagram, без да си вложил многу пари.

Листа на must-have купувања

     iPhone 17 Pro во портокалово (≈ 80.000 денари – 117.000 денари) – телефонот што сите го забележуваат

     Смарт очила Ray-Ban Meta (≈ 20.000 денари) – превод и навигација без телефон

     Oura Ring (≈ 25.000 денари) – следи здравје, изгледа како скап накит

     Marshall слушалки во кафеаво (≈ 9.000 денари) – ретро изглед, модерен звук

     Керамичка ламба (≈ 6.000 денари) – ја менува целата соба

     Перници во бордо (≈ 1.800 денари / парче) – брз апдејт на софата

     Кожен паричник во кафеаво (≈ 5.000 денари) – дава елегантен изглед

     Тепих во темнозелено (≈ 14.000 денари) – основа на стилска соба

XtraCredit: Кога ќе го најдеш вистинското нешто

Понекогаш најдобрите работи се појавуваат токму кога најмалку ги планираш. Токму затоа е важно да имаш флексибилна опција кога ќе се појави вистинската прилика.

XtraCredit нуди едноставен и брз процес – онлајн аплицирање до 300.000 денари, јасни услови и целосен преглед на износот и ратите. Без компликации и чекање.

Периодите на попусти се идеални за паметни одлуки. Техниката од претходните сезони често е значително поевтина, а новите колекции за домот штотуку пристигнуваат. Ако го испланираш буџетот и пристапиш одговорно, ваквите решенија можат да ти помогнат да го направиш вистинскиот избор во вистински момент.

Целта е едноставна: да го земеш тоа што го сакаш, тогаш кога има најмногу смисла.

29.04.2026 - Xtra Macedonia
Вештачка интелигенција: Твојата нова суперсила

Не, роботите не доаѓаат за да нè преземат. Тие доаѓаат за да нè ослободат од досадните задачи

Прочитај
24.03.2026 - Xtra Macedonia
5 гејминг трендови за 2026 година

Гејминг индустријата во последната деценија прерасна во една од најбрзо растечките индустрии во светот на технологијата и забавата

Прочитај
09.05.2025 - Xtra Macedonia
Најдобрите пролетни дестинации за твоето следно патување

Xtracredit.mk состави список со најдобрите пролетни дестинации кои ќе го направат твоето патување незаборавно

Прочитај