-

XTRA селфи и слика на лична карта

За нас е важно да си направиш селфи. За тебе исто ќе биде корисно. Прочитај зошто!

XTRA селфи и слика на лична карта

Има два типа на луѓе, едните сакаат да си прават селфита, другите не.

Ако си од вторите, нема да те убедуваме колку убаво е да се вртиш со телефонот во рака и да си правиш слики со чудни физиономии. Не. Но, сакаме да ти кажеме зошто селфито е важно. Најпрво, затоа што ти дава без достап до нашите финансиски услуги онлајн. Другата причина е затоа што ти го олеснува животот:

  • заштедуваш време;
  • не плаќаш дополнителни такси;
  • добиваш највисоко ниво на сигурност.

А, сега да ти покажеме како функционира.
За да аплицираш за онлајн потрошувачки кредит од XTRA, треба да си направиш кориснички профил. Се прашуваш зошто? Затоа што:

  • така ја потврдуваш твојата идентификација и гарантираш заштита на твоите лични податоци;
  • можеш слободно да го управуваш кредитот преку твојот кориснички профил во секое време, целосно онлајн.

А, ти кажавме ли колку брзо сѐ се случува?

  • избираш сума и период на отплата
  • воведуваш имејл и лозинка, кои ќе ги користиш за најавување во профилот
  • прикачуваш слики од личната карта (предна и задна) и твоја селфи слика со личната карта.

Еден, два, три и сѐ е готово! По прикачувањето на сликите, нашата система автоматски ги пополнува податоците од личната карта и ги пополнува во твојот кориснички профил. Така не само што заштедуваш време, но елиминираш и можности за несакани грешки при пополнувањето. А, ние во XTRA секогаш го цениме времето - и твоето и нашето.

Нашиот друг приоритет е сигурноста. Главната цел на XTRA селфито е полесно да те идентифицираме и да осигуриме безбедност и заштита во онлајн пространството.Тоа е го правиме како заштитна мерка за превенција од злоупотреба со лични податоци и измами. Така си гарантираме максимална сигурност, како на нас така и на тебе како наш клиент.

Нашата цел е една - да ти дадеме финансиска услуга од иднината, која што ти обезбедува сѐ што сакаш - брзина, сигурност, комфорт и пред сѐ слобода. Слободата да бидеш тоа што сакаш да бидеш!

Биди XTRA!

28.03.2024 - Xtra Macedonia
Имаш Xtra можности да бидеш свој!

Ние те поддржуваме да бидеш тоа што си или сакаш да бидеш, каде и кога сакаш да бидеш. Затоа создадовме 3 потрошувачки кредити кои што ги нарековме XTRA пакети.

Прочитај
28.03.2024 - Xtra Macedonia
Добредојде во светот на Xtra!

Биди слободен, биди свој и прави го тоа што го сакаш

Прочитај