-

Xtra - иновативнa мобилна апликација што треба да ја имаш

Новата прогресивна апликација Xtra ти обезбедува сѐ што ти треба.

Xtra - иновативнa мобилна апликација што треба да ја имаш

Сигурни сме, сигурно знаеш - секоја година употребата на мобилни телефони се зголемува. А, знаеш ли дека бројот на собствениците на смартфони е над 3,8 милјарди?
Само за изминатата година корисниците симнале над 218 милјарди апликации. Тоа што е уште поинтресно како факт е дека секој од нас на својот мобилен телефон има инсталирано по 40 апликации, но во 89% од времето користиме само 18 од нив.

Доколку напишаното важи за тебе, избриши ги сите апликации на твојот телефон што не ти требаат. Следнот пат кога ќе треба да инсталираш нова апликација, сигурно пред да ја инсталираш ќе се запрашаш колку ќе ти биде корисна и уште:

1. Дали се отвара брзо? Си признаваме дека и ние сме од луѓето кои што немаат повеќе од 5 секунди трпение пред да затворат апликација која се отвара бавно. И не сме само ние - според последните истражувања 70% од корисниците на апликации не сакаат да ги користат ако се отвараат побавно од неколку секунди.

2. Дали ти го олеснува животот? Зошто да си го полниш телефонот со различни апликации, ако тие со ништо не ти го олеснуваат секојдневието? Размисли дали дадена апликација навистина допринесува нешто да ти е полесно кога ја употребуваш или ти троши време и не одговара на твоите потреби и очекувања.

3. Ти гарантира ли сигурност? Во твојот телефон треба да има место само за апликации кои ти гарантираат 100% сигурност и заштита на твоите лични податоци. Има многу случаеви во кои при симнувањето на една апликација со неа се инсталираат и други софтери кои што се вируси за твојот телефон и по тој начин податоците ти се изложени да бидат злоупотребени.


А, знаеш ли дека новата прогресивна веб апликација Xtra ти го обезбедува сето тоа па и повеќе?


Ако треба да одговориме на првото прашање од тестот, одговорот без никакво двоумење е  ДА. Прогресивната апликација на Xtra e специјална адаптација на нашиот веб сајт. На надворешен вид не се разликува од обичните апликации, многу е лесна и предвидлива за навигација од корисникот. Завзема малку место, но и многу брзо се отвара.

На второто прашање три пати би одговориле со ДА, ДА,  ДА!
Да со мобилната апликација на Xtra сѐ е многу полесно затоа што само ја инсталираш и  после само со еден клик преку неа го управуваш твојот личен кориснички профил.

Од менито во „Табло”, можеш да го следиш статусот на твојата испратена апликација.
При одобрување од тука можеш да го потпишеш и договорот за кредитот. Потоа, веднаш сумата ти ја префрламе на твојата трансакциска сметка. Ако имаш активен кредит, од тука можеш да следиш сѐ поврзано со него. А од менито „Мојот кредит” имаш достап до твојот план за отплата и сите други документи поврзани со кредитот.

Во мобилата аплиакција oсвен што располагаш со целата информација за услугите на едно место, ќе добиваш и моментални известувања, за да бидеш во тек со сите новитети. Друга предност е тоа што апликацијата работи и при слаб интернет.
За да ја инсталираш не е потребно да ја симнуваш од интернет продавници за апликации, а тоа можеш да го направиш само со клик на едно копче преку твојот профил.

И за крај, најважно е да знаеш дека апликацијата гарантира и највисока заштита на твоите лични податоци. Користиме SSL сертификат кој што е вграден на нашиот сајт под формата на 256-битова криптирана врзка. Уште при создавањето на твојот кориснички профил, Xtra те идентифицира со прикачување на слики од лична карта во твојот профил и селфи т.е. слики со личната карта.

Ако сѐ уште не си ја инсталирал Xtra мобилната апликација на твојот телефон, сега е вистинскиот момент за да го направиш тоа.

Биди во тек со технологиите. Биди Xtra.