Документи

Општи услови за одобрување на кредити

І. ОПШТИ ОДРЕДБИ

  1. Општите услови, во понатамошниот текст ОУ, ги одредуваат општите правила под кои Xtra Credit како бренд на Финансиското друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје со ЕМБС 7134185, со регистрирано седиште на Ул. Максим Горки бр.11-1/4 Скопје - Центар, телефон за контакт: 13114, во понатамошниот текст “ Xtra Credit”, извршува дејност за одобрување на кредити на физички лица – Корисници на кредит, во понатамошниот текст „КРЕДИТОБАРАТЕЛ/И“, „КОРИСНИК”/ „КОРИСНИЦИ”.
  2. Xtra Credit е бренд на Финансиското друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје кое е основано врз основа на издадено РЕШЕНИЕ на Министерот за финансии на Република Северна Македонија бр.13-5945/7 од 30.06.2016
  3. Општите Услови се составен дел од Договорите за Кредит, склучени меѓу Xtra Credit и Корисниците на кредитите, и истите им стојат на располагање на сите заинтересирани лица, на веб страната на Xtra Credit, со адреса: https://xtracredit.mk/xtra_terms_and_conditions
  4. Кредитите, кои се одобруваат согласно овие ОУ, се одобруваат и исплаќаат од страна на брендот Xtra Credit во македонски денари и се враќаат од страна на Корисниците на кредитот во македонски денари (МКД).
  5. Сите рокови за целите на овие ОУ, Барањата за одобрување на кредитите и склучените Договори, се пресметуваат користејќи календарска година со траење од 360 дена.

 

ІІ. ДЕФИНИЦИИ

 

  1. Насекаде во овие ОУ и во Договорите за кредит, склучени согласно одредбите на овие ОУ, следните зборови и изрази ќе го имаат опишаното значење овде , во еднина и множина, освен ако контекстот не претпоставува различно значење и доколку не е договорено нешто друго во Договорот или во дополнителните спогодби или Анекси кон него:
    1. ОУ или Општи услови - ќе ги означува сегашните Општи услови за одобрување на кредити, со кои се регулираат односите меѓу Xtra Credit и Корисниците на кредит;
    2. Корисник на кредит - ќе го означува секое деловно способно физичко лице со постојано место на живеење на територијата на Република Северна Македонија, кое сака да склучи или има склучено Договор за кредит со Xtra Credit, и има одобрен и исплатен Кредит од Xtra Credit на неговата жиро сметка;
    3. Договор или Договор за кредит - ќе го означува склучениот договор меѓу Xtra Credit и Корисникот на кредитот. Составен дел на Договорот за кредит се овие ОУ и одобреното од Xtra Credit Барање, Преддоговорните информации, Прегледот на паричните текови за потребите на пресметката на СВТ. Во случај на контрадикторност меѓу наведените документи, истите ќе имаат приоритет со следниот редослед: (1) Договор за кредит; (2) Барање; (3) ОУ;
    4. Веб страна - ќе ја означува официјалната веб страна на Xtra Credit: https://xtracredit.mk;
    5. Кредит - ќе го означува секој исплатен од Xtra Credit износ на парични средства врз основа на овие ОУ и Договорот склучен меѓу Xtra Credit и Корисникот на кредит, како и долгот, настанат и формиран од и во врска со реализираната сума од главнината на паричните средства, вклучувајќи ги каматите за наплата, трошоците и др. плаќања согласно одредбите на Договорот и овие ОУ. Секој износ на име кредит одобрен и исплатен од Xtra Credit на Кредитокорисникот ќе се смета за даден Кредит, освен ако не е експлицитно и писмено поинаку договорено помеѓу договорните страни;
    6. Камата - ќе ја означува договорената каматата меѓу Xtra Credit и Корисникот на кредит за време на користење на Кредитот, а која важела во моментот на потпишување на Договорот за кредит;
    7. Казнена камата – на сите доспеани, а неплатени побарувања, освен на неплатената камата, ќе се пресметува законска казнена камата и ќе се наплати за целиот период од денот на доспевањето до денот на плаќањето;
    8. Револвинг период- ќе го означува утврдениот, фиксен временски период како времетраење во денови, за кој е одобрен Кредитот, по истекот на кој Корисникот на кредитот треба да го отплати кредитот. Секој Револвинг период ќе се продолжи по истекот на рокот за плаќање на ануитетот или целосно враќање на кредитот и ќе биде еднаков како времетраење со претходниот, освен ако поинаку не е договорено меѓу договорните страни. Бројот на Револвинг периодите е неограничен;
    9. Договорна казна за неисполнување на договорна обврска и продолжување на кредит – е договорна казна во фиксен износ која треба да се плати доколку Корисникот на кредит не го исполнил договорот за кредит, односно не го вратил кредитот со сите предвидени надоместоци и трошоци во износите и роковите како што е утврдено во договорот, при што оваа договорна казна се плаќа за секој нареден Револвинг период;
    10. Рата (ануитет) - ќе го означува износот од кредитот, вклучувајќи го доспеаниот дел од главнината, каматата и трошоците за одреден период, кој износ корисникот на кредитот ќе биде обврзан да го плати на одредената дата на доспевање во зависност од важечките услови на соодветниот Кредитен производ;
    11. Специфичен услов - ќе ги означува утврдените во овие Општи услови различни специфични услови и начини за аплицирање за кредит, за склучување на Договор за кредит, за реализација на кредит, за отплата на кредит или други, во зависност од износот на кредитот или од начините за настанување, исполнување и престанок на договорните односи меѓу Xtra Credit и Корисникот на кредит. Такви услови ќе бидат следните, вклучувајќи и други кои не се наведени:

      а/ Услов со план на отплата - ќе го означува условот, под кој ќе се врши отплатата на одобрениот Кредит од Корисникот на кредит врз основа на договорен Кредит план за отплата помеѓу страните во Договорот. Во овој случај отплатата на кредитот се изведува преку периодични рати за отплата, кои ги вклучуваат доспеаниот дел од главнината, Каматата и трошоците за соодветниот период;

      Услов со револвинг период - Во случај ако кредитот не е вратен во договорениот рок, истиот се продолжува по барање на клиентот за исто таков рок (Револвинг период) и соодветно се применуваат одредбите од Договорот, во согласност со Општите услови. Доколку Корисникот на кредит поднесе барање за продолжување на рокот за исполнување, Корисникот на кредит признава и прифаќа дека не го исполнил договорот за кредит, поради што е согласен да плати договорна казна за неисполнување на договорни обврски и продолжување на кредитот во фиксен износ, како и камата за кредитот и надомест за администрирање на кредитот.

    12. Кредитен производ - ги означува утврдените од Xtra Credit поединечни и/или комбинации од различни специфични услови, износи, рокови и други услови, објавени на веб страната на Xtra Credit и во овие Општи услови за секој поединечен Кредитен производ, одобрени на Корисниците на кредит. Xtra Credit може да ги менува условите на кредитните производи. Корисникот на кредитот нема да има право да бара и да му се одобрува кредит под специфични услови, различни од оние, утврдени од Xtra Credit за соодветните Кредитни производи;
    13. Траен носач - го означува секој носач, кој му овозможува на Корисникот на кредитот да ја зачува информацијата, испратена лично до него, кој го овозможува на лесен начин нејзиното користење за период од време, кој одговара на целите, за кои е наменета информацијата и кој овозможува идентична репродукција на зачуваната информација;
    14. Средство за комуникација од далечина - го означува секое средство, кое може да се користи за давање на услуги од далечина, без да постои истовремено физичко присуство на двете страни;
    15. Канцеларија - го означува секој трговски објект, користен од Xtra Credit, во кој Корисникот на кредит ќе може да изврши една или повеќе од следниве дејности: да добие информација и/или консултација за условите на аплицирање, одобрување и користење на кредит; да аплицира за кредит; да склучи Договор за кредит; да изврши други активности согласно овие ОУ за кои експлицитно е наведено дека можат да бидат извршени во соодветната Канцеларија. Локацијата, работното време и соодветната организација, која управува со Канцелариите, се наведени на веб страната на Xtra Credit;
    16. Барање - ќе го означува барањето за добивање на кредит, што се поднесува од Корисникот на кредитот лично;
    17. Грејс период - ќе означува одреден период, пресметан од датумот на земање на кредитот, во кој Корисникот на кредитот може да го врати добиениот кредит, без да должи камата;
    18. CВT - ќе ја означува Годишната стапка на вкупните трошоци согласно Законот за заштита на потрошувачите при одобрување на потрошувачки кредити и сите останати важечки закони и подзаконски акти во Република Македонија;
    19. СМС код за идентификација – означува СМС порака со код кој ќе биде испратен на личниот телефонски број на Корисникот на кредит наведен во Барањето и ќе има важност на електронски потпис во смисла на член 2 и член 12 од Законот за податоците во електронски облик и електронскипотпис.
    20. Доспеани обврски – обврските за кои истекол рокот за нивно исполнување од страна на Корисникот на кредитот согласно условите и роковите предвидени во Договорот за кредит, амортизациониот план и овие Општи услови. Корисникот на кредит паѓа во задоцнување со исполнувањето на обврските по Договорот за кредит на денот кој следи по денот кој бил определен како краен рок за извршување на обврската од страна на Корисникот на кредитот.

 

ІІІ. ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА КРЕДИТ - АПЛИКАЦИЈА

 

  1. Корисникот на кредитот аплицира за кредит, со поднесување на Барање до Xtra Credit на образец, лично. Поднесувањето на Барањето се врши на веб страната согласно начинот, наведен во т.III.4.
  2. Во Барањето, според дадените полиња, се наведуваат личните податоци на Корисникот на кредитот, неговата електронска пошта, телефон за контакт и др., како и бараниот износ на кредитот, рокот на кредитот, називот на кредитниот производ, под кои услови Корисникот на кредитот сака да го користи кредитот, и бараниот начин за земање на паричните средства од кредитот. Во прилог кон Барањето Корисникот на кредитот на означеното место на веб страната прикачува и копија од лична карта во форма на jpg, pdf или png.
    1. Податоците кои се потребни за аплицирање на кредит и кои Xtra Credit ги обработува на своите клиенти, ќе бидат пренесени/обработувани надвор од границите на Р. Северна Македонија во земја на Европската унија, во Р.Бугарија, согласно меѓународните документи на Обединетите Нации на Универзалната Декларација за човековите права, Конвенцијата за заштита на Човековите права на Советот на Европа (член 8), Конвенцијата за заштита на физичките лица во поглед на автоматската обработка на личните податоци на Советот на Европа и Дополнителниот протокол кон истата Конвенција 108/81, како и регулативата (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и Советот од 27.04.2016 година за заштита на физичките лица во поглед на обработката на личните податоци и слободен проток на тие податоци.
  3. За било какви грешки при пополнување на податоци, настанати по вина на Корисникот на кредитот, Xtra Credit не носи одговорност и сите последици од таквите грешки паѓаат на товар на Корисникот на кредитот.
  4. Барателот на кредитот на веб страната треба да го пополни називот на Кредитниот производ, износот и времетраењето на кредитот, да ја потврди својата согласност за прифаќање на ОУ, да даде согласност за обработување, користење и чување на личните податоци од страна на Xtra Credit. Xtra Credit да врши проверки на кредитна способност на барателот на кредитот во соодветните институции, за да потоа Барателот на кредитот барањето со потребната документација ја достави до Xtra Credit со задавање на командата „Aплицирај”.
  5. Xtra Credit му ја доставува на корисникот на кредитот преку електронската пошта која ја има наведено во апликацијата, целата потребна преддоговорна информација за бараниот Кредит, предлог договор, Општи услови, предлог на паричните текови за потребите на пресметката на СВТ.

 

ІV. ОЦЕНКА НА КРЕДИТОСПОСОБНОСТА НА КРЕДИТОБАРАТЕЛОТ. ОДОБРУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

 

  1. По добивањето на Барањето Xtra Credit ја проценува кредитоспособноста на Кредитобарателот врз основа на постоечки информации, и информации, добиени од него, притоа врши увид во Македонско Кредитно Биро или во друга база на податоци, до која има легално добиен пристап. Во случај, како резултат на извршената проценка Xtra Credit одбие да го одобри Кредитот, Xtra Credit веднаш го известува Кредитобарателот бесплатно за резултатот од проверката и за информациите за Корисникот на кредитот, содржани во регистарот, со исклучок кога давањето на соодветните информации е забрането или спротивно на важечкото законодавство, на регулативата на Европската унија или на јавниот ред и безбедност. Со доставување на Барањето Кредитобарателот ја дава својата согласност на Xtra Credit да врши увид во Македонско Кредитно Биро и други јавни регистри.
    1. Како дел од проверката на кредитоспособноста на Кредитобарателот Xtra Credit по своја проценка може да одржи преку свој претставник, интервју со Кредитобарателот, во текот на кое, да бара и добива и дополнителни податоци или дополнителни документи, вклучувајќи копија на лична карта испратена преку електронска пошта или преку факс.
  2. За целите на давање на Кредит, согласно овие ОУ, Кредитобарателот изјавува, дека на датумот на поднесувањето на Барањето:
    1. Нема обврски како жирант, ниту неисполнети обврски кон државата, финансиските институции, кон сегашниот и претходниот работодавач, кон физичко или правно лице, или обврски кои треба да бидат исплатени пред доспевање на кредитот, за кој аплицира, освен овие, за кои при склучување на Договорот го известил Xtra Credit;
    2. Кон него нема поднесено тужба или покрената арбитражна постапка и не му се познати објективно оправдани причини, кои може да доведат до тоа;
    3. Не e носител на јавна функција и/или лице поврзано со носител на јавна функција во последните 12 месеци.
    4. Сите податоци, наведени во Барањето, како и во Договорот и сите негови прилози, се целосни и точни.
  3. Во случај, ако при пополнување на Барањето Кредитобарателот обезбеди неточни податоци, во зависност од моментот на дознавање на овој факт, Xtra Credit има право или да го одбие склучувањето на Договорот и/или одобрувањето на кредитот, или да го раскине Договорот (ако таков е склучен), без претходна најава и да побара предвремено враќање на кредитот, заедно со сите такси, трошоци и пресметани камати или такви, кои ќе бидат пресметани до датумот на раскинување на Договорот. Кредитот се прогласува за предвремено достасан и врз тој основ се известува Кредитобарателот со еднострана Изјава на Xtra Credit, испратена на наведениот телефонски број (преку SMS) или електронската пошта во Барањето од Кредитобарателот.
  4. Во случај, ако Xtra Credit го одобри Барањето, Кредитобарателот ќе биде известен за тоа на e-mail и/или телефонски број (преку SMS или со повик). Рокот за одобрување на Барањето е на следниот начин:
    1. Доколку во апликацијата се наведени сите потребни податоци рокот за разгледување и давање на одговор на Барањето е 7 (седум) работни дена од поднесувањето на Барањето. Ако Барањето не биде разгледано и одобрено до истекот на рокот од претходнонаведениот рок, Договорот не предизвикува правно дејствие меѓу Xtra Credit и Кредитобарателот.
  5. Xtra Credit има право, без образложение, да го одбие Барањето, со испраќање на писмено известување до Кредитобарателот, испратено на наведениот телефонски број (преку SMS) или електронската пошта во Барањето од Кредитобарателот или преку одбивање со молчење. Како одбивање на Барањето со молчење ќе се сметаат случаите, во кои Xtra Credit не му пратил известување за одобрување на кредитот до Корисникот на кредитот во рок од десет работни дена од приемот на Барањето.

 

V. ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ

 

  1. Договорот за кредит се склучува на начин, предвиден во овие ОУ и со придржување кон одредбите согласно Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис како и останатите важечки законски и подзаконски прописи во Република Северна Македонија.
  2. Договорот се смета за потпишан, склучен и стапува во сила од моментот кога Корисникот ќе го воведе SMS – кодот за идентификација кој му е испратен претходно на телефонскиот броj наведен во кредитната апликациja, по што на електронската пошта ќе добие линк за потврда и потпишување на документите и ќе ја даде командата „Потпиши”.
  3. Секој паричен износ, одобрен и исплатен од Xtra Credit на Корисникот на кредитот претставува Кредит, даден од Xtra Credit под условите на Договорот и на овие ОУ.

 

VI. РЕАЛИЗИРАЊЕ И ОТПЛАТА НА КРЕДИТОТ

 

  1. КXtra Credit го реализира паричниот износ на одобрениот кредит преку трансфер на трансакциската сметка наведена од Корисникот на кредитот во рок од 3 работни дена од потпишување на договорот за кредит. Истиот носи одговорност за точното наведување на трансакциската сметка, на која сака да го добие износот во Барањето за кредит.
  2. Во случај на целосна или делумна предвремена отплата на кредитот, Корисникот на кредитот е обврзан да ја плати невратената главнина на Кредитот, вкупната такса за одобрување на кредитот, заедно со сите пресметани камати или тие кои ќе бидат пресметани, а кои не се платени до датумот на предвременото враќање.
  3. Корисникот на кредитот го враќа кредитот на следната трансакциска сметка: УниБанка АД Скопjе, трансакциска сметка 240010105652962, или преку други начини наведени на веб страната на Xtra Credit (https://xtracredit.mk/pay). Сите плаќања по банкарски пат се сметаат за извршени од моментот на пристигнување на уплатата на трансакциската сметка на Xtra Credit. Во случај, ако Xtra Credit утврди, дека е извршено плаќање, кое е невозможно да биде идентификувано, тоа плаќање не се смета за валидно до моментот на неговата идентификација и Корисникот на кредитот ги носи сите последици од задоцнето плаќање.
  4. Во случај, ако Корисникот на кредитот плати сума во износ, кој не е доволен, за да го врати вкупниот износ кој требало да го плати до тој момент, со платената сума се враќаат прво трошоците, извршени од Xtra Credit во врска со неисполнување на обврската на Корисникот на кредитот за враќање на кредитот (трошоци за постапка за присилна наплата на паричното побарување и вонсудска наплата на обврските), на второ место пресметаната законска камата за задоцнето плаќање или казни за доцнење во случај ако тие се договорени, на трето место редовната или договорената камата и на четврто место главнината на кредитот.

 

VII. КРЕДИТНИ ПРОИЗВОДИ. ГОДИШЕН ПРОЦЕНТ НА ТРОШОЦИТЕ. ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ

 

  1. Различните Кредитни производи, како комбинација на специфични услови, износи на кредитите и други услови, се утврдени во веб страната на Xtra Credit. Xtra Credit има право во секој момент да ги менува условите за одреден Кредитен производ, вклучувајќи да додава или менува дадени специфични услови, кои се применуваат за соодветниот кредитен производ, без тоа да влијае врз веќе склучените Договори.
  2. Детални информации во врска со условите за секој Кредитен производ, понуден од Xtra Credit, се објавени на веб страната на Xtra Credit.
  3. При промена на услов за кредитните производи, за реализираниот Кредит под условите на тој Кредитен производ ќе се применуваат условите, важечки на датумот на одобрување на кредитот.
  4. Доколку не е поинаку договорено во Договорот за кредит, крајниот рок за враќање на реализираниот Кредит е рокот, наведен во Договорот, освен кога рокот на Договорот е продолжен преку нов Револвинг-период по истекот на предвидениот рок, за кредитните производи, за кои тоа е применливо.
  5. Xtra Credit има право според сопствено мислење да овозможува грејс периоди за одредени Кредити и под условите на одредени Кредитни производи, како и попусти за редовно враќање на кредитот.
  6. Xtra Credit има право на камата, чиј износ се утврдува во Договорот.
  7. Xtra Credit има право, со посебна одлука, да дава пониски каматни стапки при организирање на промоции
  8. За Кредити, користени под условите на Кредитен производ со Услов - план за враќање, Корисникот на кредитот е должен да го врати кредитот согласно амортизациониот план, односно во прегледот на паричните текови за потребите на пресметка на СВТ.
  9. Корисникот на кредитот има право да побара нов Кредит од ист или друг вид пред отплатата на веќе добиениот/те кредит/и. Во случај, ако Xtra Credit го одобри Барањето од овој став, износот на новиот кредит може да се користи за отплата на недоспеани обврски на Корисникот на кредитот од постоечкиот Договор за кредит или да биде реализиран целосно од Корисникот на кредитот во согласност со ОУ.
  10. Годишната стапка на вкупните трошоците за кредитот е утврдена во Договорот, неговиот износ е пресметан на следниот начин и според законските одредби:
    1. Годишната стапка на вкупните трошоци се пресметува според методологија пропишана од Советот на Народната банка на Република Северна Македонија.
      1. За целите на пресметување на годишната стапка на вкупните трошоци, вкупните трошоци на кредитот за Корисникот треба да бидат определени, со исклучок на трошоците што ги плаќа Корисникот за непочитување на обврските од договорот за кредит.
      2. За потребите на пресметување на годишната стапка на вкупни трошоци се смета дека договорот за потрошувачки кредит е полноважен и дека Xtra Credit и Корисникот ги исполнуваат своите права и обврски од договорот на договорениот начин и во договореното време.
  11. Во случај договорот за потрошувачки кредит да содржи одредби со кои се предвидува можност за промена на каматната стапка, провизиите и другите надоместоци, при пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци се смета дека до исполнување на договорот каматите и другите трошоци кои влегуваат во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци се непроменети.
  12. За обезбедени дополнителни услуги, Xtra Credit наплаќа соодветни надоместоци од Корисниците согласно Тарифникот на Xtra Credit, кој е јавно достапен и објавен на веб страната на Xtra Credit на следниот линк https://xtracredit.mk/mk/tariff.

 

VІII. ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТРАНИТЕ

 

  1. Xtra Credit се обврзува:
    1. Да му даде на Корисникот на кредитот преддоговорна и договорна информација за саканиот Кредит во согласност со важечкото законодавство.
    2. Да му го исплати Кредитот на Корисникот на кредитот во согласност со договорениот износ и услови;
    3. Да ги одразува навремено и точно исплатените од Корисникот на кредитот рати за враќање на Кредитот;
    4. На барање од страна на Корисникот на кредитот, при отплата на главнината на Кредитот, да му даде целосна и точна информација за извршените и евидентирани до моментот плаќања;
    5. Да му ги даде на Корисникот на кредитот сите потребни документи, кои се однесуваат на опслужувањето, односно сревисирањето на кредитот, пополнети точно и коректно;
    6. Доколку постојат причините, наведени во т. XIII.1, да го извести писмено Корисникот на кредитот во наведениот рок во оваа точка;
    7. Да ги објавува на веб страната условите за Кредитните производи, доколку истите не се изречно предвидени во овие ОУ;
    8. Да објавува на веб страната информација за банкарските сметки, на кои може да се врши отплата на кредити, фирмите на Партнерите, адресите на нивните канцеларии и работното време;
    9. Да врши и други обврски, предвидени со важечкото законодавство.
  2. Xtra Credit има право::
    1. Да бара целосно исполнување на сите обврски на Корисникот на кредитот согласно Договорот и овие Општи услови;

    2. Да биде известен веднаш од Корисникот на кредитот при настанување на околности, кои би предизвикале доцнење со исплата или влошување на целокупната финансиска состојба на Корисникот на кредит, вклучувајќи ги, но неисцрпно, наведените во т.VIII.3.3. од овие ОУ;
    3. Да ги бара од Корисникот на кредит потребните документи, односно копии од документи за одобрување на кредит, вршење на проценка на кредитоспособноста, како и евидентирање на информациите за опслужувањето на кредитот;
    4. Во секое време да ги префрли своите права од Договорот на трето лице, вклучувајќи да го даде во залог побарувањето во корист на трето лице, без да се бара согласност од Корисникот на кредит за тоа. Во овој случај Корисникот на кредитот ќе биде известен за настанатите промени односно носителот на побарувањето, со испраќање на писмено известување на наведената електронска пошта во Барањето и Договорот за Кредит. Xtra Credit нема обврска да го извести Корисникот на кредит за преносот, во случај, ако согласно договорот меѓу Xtra Credit и третото лице, Xtra Credit ќе продолжи да го администрира кредитот на Корисникот на кредитот;
    5. Да води, вклучувајќи преку трети лица, секаква кореспонденција со Корисникот на кредитот, да спроведува телефонски повици со Корисникот на кредитот, да му испраќа електронски пораки, писма и налепници, во случај ако последниот не исполни некоја од обврските од Договорот, и на тој начин го известува за неговото доцнење;
    6. Во случај на задоцнување со плаќањето на достасана рата за враќање од страна на Корисникот на кредитот, како и во случај на делумно плаќање на рата за враќање, да ги преземе сите потребни дејствија за вонсудска и /или започне постапка за присилна наплата на своите побарувања, а трошоците за тоа ќе бидат на товар на Корисникот на кредит;
  3. Корисникот на кредитот се обврзува:
    1. Да ги врати искористениот Кредит вклучувајќи ја главнината, каматата и трошоците до доспевање на последниот Револвинг период, вклучувајќи го и него, согласно планот за отплата, во зависност од условите за соодветниот Кредитен производ;
    2. Да ги почитува роковите и условите за исплата на Ратите за отплата;
    3. Да го извести веднаш Xtra Credit за секоја промена на околности, кои би предизвикале задоцнување со исплата или би можеле да доведат до влошување на финансиската состојба, како и за секоја промена во информацијата, дадена од него при поднесувањето на Барањето, односно потпишување на Договорот, вклучувајќи, но нецелосно: за измена во неговите месечни приходи, на адресата на живеење и/или на сегашната адреса, на вработувањето, телефонските броеви, покренати судски и/или извршни постапки против Корисникот на кредит и/или неговиот сопруг/сопруга, и/или одредени на Корисникот на кредитот и/или на неговиот/нејзиниот брачен другар казни за прекршочни или кривични постапки, и/или одредени мерки за запленување и/или одземање во корист на државата на било каква сопственост, која им припаѓа;
    4. Да ги сноси сите трошоци, поврзани со неисполнување на својата обврска за кредитот, предвидени во Договорот и овие ОУ, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на трошоци за државни такси, адвокатски хонорари, патни и други трошоци кои ќе настанат во постапката за присилна наплата доколку се започне истата.;
  4. Корисникот на кредитот има право:
    1. . При враќање на главнината од Договор за кредит на барање, бесплатно може да добие и, во секој момент од спроведувањето на Договорот, извадок на сметка во форма на план за враќање за извршените и претстојните плаќања; планот за враќање-амортизациониот план ги содржи доспеаните плаќања и роковите и условите за овие плаќања; планот содржи детално објаснување на секоја рата за отплата, кое ја покажува отплатата на главнината, каматата, пресметана врз основа на каматната стапка, и каде што е применливо, дополнителните трошоци; кога каматната стапка не е фиксна или кога дополнителните трошоци можат да бидат променети согласно Договорот за кредит, во планот за отплата јасно се наведува, дека информацијата, содржана во планот е валидна само до следната промена на каматната стапка или на дополнителните трошоци согласно Договорот за кредит;
    2. Во рок од 14 дена од последниот датум меѓу: (i) датумот на склучување на Договорот; или (ii) датумот, на кој Корисникот на кредитот ги добил условите на Договорот и законски утврдената договорна информација (во случаите, кога овој датум е по датумот на склучување на Договорот), истиот може да се откаже од Договорот. При користење на ова право, Корисникот на кредитот не треба да плати обесштетување или казна и не е потребно да се наведе причина за одбивањето. Правото на одбивање се врши со испраќање на известување до Xtra Credit во писмена форма врз хартија или друг Траен носач, до кој Xtra Credit има пристап. При откажување од Договорот Корисникот на кредитот треба да ја плати на Xtra Credit цената на фактички извршените финансиски услуги од Договорот: добиената главнина на кредитот, како и каматата за користење на финансиската услуга до денот на откажувањето на Договорот. Износите, кои се должат треба да бидат платени на Xtra Credit во рок до 30 дена од откажувањето на Договорот. Во спротивен случај дејството на одбивањето отпаѓа ретроактивно. Со реализирање на кредитот Корисникот на кредитот ја изразува својата изречна согласност користењето на финансиската услуга да започне пред истекот на рокот за откажување на Договорот;
    3. Во секое време да ги отплати предвремено, целосно или делумно обврските од Договорот за кредит заедно со надоместок за одобрување на кредитот, доспеаната камата и трошокот за администрирање на кредитот пресметан до моментот на враќање на паричните средства.
      1. Xtra Credit не може да го одбие предвременото исполнување на Договорот за кредит;
      2. Корисникот на кредит може да изврши предвремена отплата на обврските спрема Xtra Credit кои произлегуваат од постоечки договор за кредит, преку користење на нов кредит одобрен од страна на Xtra Credit. Кредитот издаден со намена рефинансирање на кредитни обврски може да се одобри за целосна/и делумна отплата на постојните недоспеани кредитни обврски.
      3. При предвремена отплата на кредитот од страна на Корисникот на кредитот Xtra Credit има право на праведно и објективно оправдано обесштетување за евентуалните трошоци, директно поврзани со предвремената отплата на кредитот, кога тоа се врши во период, во кој каматната стапка е фиксна. Во овој случај Xtra Credit има право на обесштетување во износ од 1% (еден процент) од предвремено отплатениот износ на кредитот, во случај ако преостанатиот период на Договорот е подолг од една година. Во случај, ако преостанатиот период на Договорот за кредит е пократок од една година, Xtra Credit има право на обесштетување во износ од 0,05% (нула запирка пет проценти) од износот на предвремено отплатениот Кредит. Во случај, ако Xtra Credit претрпи загуба од предвремената отплата на кредитот, која е поголема од износот на наведеното обесштетување, тој може да бара поголемо обесштетување под условите на чл. 16 од ЗЗПДПК;
      4. Во случај, ако Корисникот на кредитот нема никакви задоцнети плаќања и не постои друго неисполнување на обврските од Договорот, Корисникот на кредитот може да добие попуст при целосна отплата на неговите обврски. Износот на попустот се определува по проценка на Xtra Credit.

 

IX. ТРОШОЦИ

 

  1. Xtra Credit не носи никаква одговорност за извршени плаќања од страна на Корисникот на кредитот на трансакциски сметки кои не припаѓаат на Xtra Credit.

 

X. ЗАДОЦНУВАЊЕ. ПРЕДВРЕМЕНО ПОБАРУВАЊЕ

  1. . Xtra Credit има право на обесштетување за сите направени трошоци за наплата на доспеаните а неплатени обврски на КОРИСНИКОТ по Договорот за кредит во вонсудска постапка за наплата на долгот и во постапката за присилна наплата на долгот.
  2. При доцнење со плаќањето на обврските по кредитот, Корисникот на кредитот должи обесштетување за задоцнување во висина на постојаната законски казнена камата за секое доцнење со исполнување на обврските, заедно со сите трошоци за вонсудска и / или во постапката за присилна наплата на долгот, направени од Xtra Credit.
    1. Корисникот на кредитот има можност со поднесување на барање до Xtra Credit да побара одложување на месечна рата пред доспевање на истата (само еднаш за конкретна месечна рата), за што Xtra Credit наплаќа надоместок од 1.000 ден. за секое одобрено одложување на поединечна месечна рата.
    2. Барањето за одложување на месечна рата (само еднаш на конкретна месечна рата), Корисникот на кредит може да го истакне максимум до три пати за различни месечни рати за целото времетраење на договорот за кредит. За секое поединечно одобрено барање за одложување на месечна рата, времетраењето на договорот за кредит ќе се продолжи за еден месец соодветно. Рокот на договорот за кредит може да биде продолжен максимум за три месеци, доколку Корисникот на кредит побарал и му било одобрено одложување на конкретни месечни рати вкупно три пати за времетраење на договорот.
    3. Xtra Credit одлучува за одобрување/одбивање на барањето за одложување на месечна рата по своја дискрециона оцена во секој поединечен случај. Доколку Xtra Credit го одобри барањето за одложување на месечна рата, ќе достави нов амортизационен план до Корисникот на кредит со нов рок на кредитот. Во спротивно, доколку таквото барање за одложување на месечна рата е одбиено, Xtra Credit ќе го извести Корисникот на кредит по телефонски пат за истото.
  3. Сите побарувања за даден кредит стануваат автоматски и предвремено доспеани, без да е потребно известување или покана од страна на Xtra Credit кон Корисникот на кредитот, со денот на настанување на било кој од следните настани:
    1. Кога Кредитокорисникот доцни повеќе од 90 дена за кредит, добиен под услов со план за отплата;
    2. Кога не се платени надоместоците, каматите и договорните казни за револвинг периоди наведени во Договорот за кредит, добиен под услов со Револвинг период согласно т. II 1.11 б) од овие ОУ.
    3. При неплаќање на било која парична обврска, која произлегува од Договорот или овие ОУ, која не припаѓа кон наведените во претходната точка;
    4. При раскинување на Договорот согласно т.IV.3 и т.XII.1.3 од овие ОУ;
  4. Ако се утврди, дека Корисникот на кредитот доставил неверодостојни и / или неточни информации, и истите се користеле како основа Xtra Credit за одобрување и исплата на кредитот од страна на Xtra Credit;
    1. Ако се утврди, дека Корисникот на кредитот доставил неверодостојни и / или неточни информации, и истите се користеле како основа КРЕДИСИМО за одобрување и исплата на кредитот од страна на Кредисимо;
    2. При неисполнување од страна на Корисникот на кредитот на било која обврска од Договорот или овие ОУ, надвор од наведените во претходната точка;
  5. Во случај на предвремено побарување на кредитот, Корисникот на кредитот ја должи целата преостаната главнина како и сите пресметани камати или идни камати, кои ќе бидат пресметани до датумот на предвременото побарување и истите треба веднаш да ги врати на Xtra Credit, на датумот на предвременото побарување. Корисникот на кредитот должи исто така обесштетување за задоцнување за неисплатена обврска (главнина и камата) од датумот на почеток на предвременото побарување до целосна отплата на долгот. Надоместокот за задоцнување е во висина на законската казнена камата за задоцнето плаќање. Во случај на предвремено побарување Корисникот на кредитот ги должи на Xtra Credit уште и сите трошоци за истиот, кои се наведени во Барањето, Договорот и овие ОУ, како и трошоците поврзани со наплатата на побарувањата, почнувајќи од доспевање на Ратата за отплата, непосредно пред да настане предвременото побарување, до целосна отплата на долгот. Страните изречно и безусловно се согласуваат, дека сите трошоци за вонсудска и/или постапка за присилна наплата на ненавремено исплатените побарувања (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на судски такси, адвокатски хонорари, патни и други трошоци) ќе бидат на товар на Корисникот на кредит.
  6. Во случај на доцнење со плаќањата и/или во случај на предвремено побарување, Xtra Credit има право да му испраќа на Корисникот на кредитот текстуална порака /SMS/, потсетници преку писмо и/или покани, на наведениот мобилен телефон во Договорот, адреса и/или адреса на електронска пошта, како и на познатата на Xtra Credit адреса на работното место на Корисникот на кредитот.
  7. Со склучувањето на Договорот, Корисникот на кредитот безусловно и неотповикливо ја дава својата согласност да биде посетуван на службената и домашната адреса од претставник на Xtra Credit и/или од трети лица ангажирани од Xtra Credit со цел наплата на доспеаните побарувања по основ на Договорот за кредит, , како и да добива SMS-и на мобилниот телефон наведен во договорот, а во врска со евентуалното неисполнување на неговите обврски, кои произлегуваат и/или се поврзани со Договорот.
  8. Во случај на задоцнување со плаќањето на достасани износи за кредитот од страна на Корисникот на кредитот, нередовните плаќања ќе бидат евидентирани во Македонско кредитно биро кое може да се одрази негативно за подоцнежно аплицирање за кредит од негова страна.

 

XI. НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРНА ОБВРСКА И ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ

 

  1. Кај кредитните производи кај кои согласно овие ОУ е предвидена можност за продолжување на револвинг периодот, Xtra Credit на кредит може да побара продолжување на рокот на договорот за кредит, доколку Корисникот на кредит не може да ги исполни обврските од договорот согласно предвидените рокови.
  2. Доколку Корисникот на кредит поднесе барање за продолжување на рокот на кредитот, Корисникот на кредит признава, прифаќа и изјавува дека не го исполнил овој договорот за кредит, односно не може да го врати кредитот со сите предвидени трошоци во износите и роковите како што е утврдено во договорот и заради тоа е согласен да му исплати на Xtra Credit договорна казна за неисполнување на договорна обврска и продолжување на кредит.

 

XII.ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ

 

  1. Договорот за кредит се раскинува предвремено во следните случаи:

    1. Со взаемна писмена согласност на договорните страните;
    2. Еднострано од Xtra Credit, со известување кое стапува во сила веднаш, испратено според одредбите на овие ОУ- во случај на неисполнување на обврска по Договорот за кредит од страна на Корисникот на кредитот (вклучувајќи ги и овие ОУ). За случај на неисполнување ќе се смета и секој случај, во кој Корисникот на кредитот му доставил на Xtra Credit погрешна, неточна или лажна информација;
    3. Со појава на автоматско предвремено побарување од т. Х.3;

 

XIII. ВИША СИЛА

 

  1. Xtra Credit нема да биде одговорен пред Корисникот на кредитот за секое доцнење или пропуст за извршување на обврската од овие Општи услови, кои се должат на виша сила (како што е дефинирано во т. XIII.2 подолу).
  2. "Виша сила" ќе значи секој непредвидлив случај, кој не може да се спречи настанат по потпишувањето на Договорот за кредит помеѓу Xtra Credit и соодветниот Корисник на кредит и кој доведува до неможност за исполнување на обврските, преземени од Xtra Credit според Договорот и / или овие ОУ, вклучувајќи, но без да се ограничени: техничка неисправност во софтвер или хардвер системите, кои се користат од Xtra Credit, законски, административни или владини ограничувања, природни катастрофи, бунтови, востанија, судири или немири, војна, терористички напади, земјотреси или други деструктивни дејства на природни сили, општонародни штрајкови, ембарго.
  3. При настанување на Виша сила за Xtra Credit, Xtra Credit ќе ги преземе сите разумни активности и мерки, за да ги ограничи евентуалните загуби и штети, и ќе го извести соодветниот Корисник на кредит во рок од една недела од денот на настанување на виша сила.
  4. Недостатокот на финансиски средства нема да се смета за виша сила, како во однос на Xtra Credit, така и во однос на Корисникот на кредитот.

 

ХІV. ДОПОЛНИТЕЛНИ ОДРЕДБИ

 

  1. Договорот се склучува за девизен курс 61.50 МКД (македонски денари) за едно Евро (EUR). Во случај на законска промена, каде ќе настанат промени во сооднос МКД / EUR (одлучувачки е просечниот девизен курс, прогласен од НБРСМ) со повеќе од 10 % (десет проценти) (среден девизен курс, прогласен од НБРСМ), износот на неплатените Рати за отплата се менува автоматски. Како резултат на тоа СВТ според условот на Договорот ќе се промени, за што Xtra Credit треба во писмена форма да го извести Корисникот на кредит во рок од 10 (десет) работни дена од измената.
    1. Во случај на макроекономска нерамнотежа која ќе резултира со најмалку 10 % девалвација на средниот курс на еврото во денари (ЕУР/МКД) како еднострана мерка на Народната Банка на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст НБРСМ) или 10 % депресијација на средниот курс на еврото во денари, мерени преку зголемување на средниот курс на ЕУР/МКД објавен од страна на НБРСМ на нејзината веб страна, Xtra Credit го задржува правото да ја коригира главнина на одобрените и исплатени а недостасани Кредитни производи како и главнина и сите трошоци кои се достасани а ненаплатени од страна на Xtra Credit преку зголемување за 10 %.
    2. . За потребите на овие ОУ, девалвација и/или депресијација од 10 % се дефинира на следниот начин: 10 % зголемување на средниот курс на еврото за македонски денари (ЕУР/МКД) објавен од НБРСМ на нејзината веб страна во однос на вредноста на едно евро за 61,5 денари. Тоа значи дека 10 % девалвација и/или депресијација е еднаква на зголемување на вредноста на еврото мерена преку македонски денари за 6,15 денари за едно евро, односно средна вредност на еврото во македонски денари објавена на веб страната на НБРСМ од 67,65 денари за едно евро.
  2. Одредбите од Договорот, односно условите за користење на доделен Кредит, можат да се менуваат само и единствено со заемна согласност на страните во писмена форма врз хартија или во форма на друг Траен носач.
  3. Кореспонденцијата помеѓу страните ќе се одвива на македонски јазик. Истата ќе се смета за примена од страна на Корисникот на кредитот, ако биде доставена на адресите за кореспонденција, пополнети од страните во Договорот, односно испратена преку факс, електронска пошта или телефон, наведени во соодветните полиња во група "информација за контакт" од Барањето. Кореспонденцијата до Xtra Credit ќе се испраќа на адреса за коресподенција, наведена во Договорот, или преку електронската пошта: support@xtracredit.mk.
  4. Со склучување на Договорот Корисникот на кредитот ја изјавува својата недвосмислена согласност да добива пораки на начини и преку средствата, наведени во претходната точка.
  5. Страните се обврзуваат, секоја од нив веднаш да ја извести другата страна во случај на промена на некоја од изјавените околности.
  6. Корисникот на кредитот изјавува, дека со потпишувањето на Договорот за кредит ја дава својата согласност за обработка на неговите лични податоци за склучување и реализирање на Договорот. Корисникот на кредитот му дава право на Xtra Credit, во својство на администратор на лични податоци, да ги обработува и да ги чува неговите лични податоци за следните цели: проверка на неговата солвентност во врска со Договорот за кредит; администрирање на веќе склучени Договори за кредит; преземање активности во врска со наплата на негови обврски за склучени Договори за кредит, како и за исполнување на законските барања за чување на документи од финансиски институции во врска со извршените од нив финансиски услуги. Корисникот на кредитот дава согласност, неговите лични податоци да бидат обработени и чувани од Xtra Credit и за следните дополнителни цели: изготвување на кредитно досие, кое ќе го олесни разгледувањето на идни Барања за Кредит; за маркетинг цели (испраќање на понуди/комерцијални пораки и други, во врска со финансиските услуги на Xtra Credit); статистички истражувања и анализи на друштвото; откривање на дадените од него лични податоци и информации за неговата кредитна задолженост пред следните категории приматели: кредитни институции, лизинг компании, финансиски институции, друштва за наплата, кредитни бироа, претпријатија, кои нудат електронски комуникациски мрежи и /или услуги, бугарски и / или странски физички лица, правни лица, државни и/или општински органи, неговиот работодавач, лицето за контакт, согласно Договорот за кредит, како и секое друго физичко или правно лице, со кое Xtra Credit е во договорни или други односи, Корисникот на кредитот дава согласност Xtra Credit да врши увид и да добива информации за неговата кредитна задолженост, достапни во базата на податоци на Македонско Кредитно Биро. Корисникот на кредитот дава согласност, Xtra Credit да бара и добива од КИБС и др. чувани во нивните информатички системи лични податоци во смисла на Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП), вклучувајќи, но не само, податоци за неговите приходи и извршени од него плаќања за придонеси; да испраќа барања и да прима податоци за неговата граѓанска регистрација од Национална база на податоци "Население", преку услугите на трето лице. Корисникот на кредитот изјавува, дека е запознаен со сите свои права: (i) на пристап до лични податоци, кои се однесуваат на него; (ii) да побара од Xtra Credit да ги избрише, коригира и блокира неговите лични податоци, чија обработка не одговара на барањата на ЗЗЛП, како и да ги извести третите лица, на кои овие податоци биле откриени, за секое такво бришење, корекција или блокирање, со исклучок на случаите, кога тоа е невозможно или е поврзано со несразмерни напори; (iii) да приговара пред Xtra Credit против обработката на неговите лични податоци, доколку постои законска основа за тоа, кои права можат да се остваруваат согласно ЗЗЛП. Корисникот на кредитот изјавува, дека ги доставил личните податоци на "Лицето за контакт", наведено во Барањето, откако добил од него изречна согласност, согласно чл. 4, ст. 1, т. 2 од ЗЗЛП, неговите лични податоци да се чуваат и обработуваат од Xtra Credit со цел претходна проверка на кредитоспособноста на Корисникот на кредитот со оглед евентуалното потпишување на Договор за кредит и со цел остварување на последователна врска односно прашања во врска со спроведувањето на Договорот. Корисникот на кредитот изјавува, дека лицето за контакт е информирано лично од него, дека неговите лични податоци ќе бидат користени само за наведените цели и дека нема да бидат откриени на други лица.
  7. Корисникот на кредитот безусловно и неотповикливо изјавува, дека му е познато, дека сите негови изјави, дадени преку средства за комуникација од далечина, вклучувајќи електронска пошта, преку SMS, преку телефон, со пополнување на полињата на веб страната на Xtra Credit и др., се валидни и го обврзуваат согласно Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис како и останатите важечки законски и подзаконски прописи во Република Северна Македонија притоа е согласен, истите да бидат снимени и чувани од Xtra Credit или други лица со кои Xtra Credit има склучено договор.
  8. Xtra Credit не одговара за предизвикани штети на Корисникот на кредит, настанати како резултат на проблеми во работењето на мобилните оператори, паѓање на системот, доцнење за испраќање на текстот и/или губење на текстуална порака.
  9. Во случај ако некоја одредба од Договорот или од овие ОУ биде прогласена за неважечка од надлежен орган, другите одредби остануваат во сила.
  10. Со фактот на склучувањето на Договорот и со прифаќањето на овие Општи услови, Корисникот на кредитот потврдува, дека е запознаен со придружните обврски, кои можат да се одразат негативно врз економската состојба; дека каматите, кои треба да се платат на Xtra Credit, е можно да се повисоки од овие, понудени од други друштва, кои нудат корисничко и микро кредитирање, но без оглед на тоа, според неговата оценка, се разумни и одговараат на пазарните услови; дека Xtra Credit му ги објаснило придружните обврски при склучувањето на Договорот и му ја дала целата задолжителна по закон договорна и преддоговорна информација, поврзана со одредениот Договор; дека не смета дека условите од Договорот за него се крајно несоодветни; дека ја има дадено на Xtra Credit целата вистинска информација за својата економска состојба.
  11. Xtra Credit го информира и предупредува Корисникот на кредит, дека при задоцнување со плаќањето на Рата за отплата, спрема него може да се преземат сите дејствија во согласност со овие ОУ, Договорот и со важечкото законодавство.
  12. Сите спорови, кои произлегуваат од Договорот и ОУ, или се однесуваат на нив, вклучувајќи спорови, кои произлегуваат или се однесуваат на нивното толкување, невалидност, исполнување или раскинување, како и споровите за пополнување на празнините во Договорот или прилагодувањето кон ново настанати околности, Договорните страни се согласни да ги решаваат вонсудски, по спогодбен пат. Договорните страни изрично се согласуваат за се што не е регулирано со овој Договор, како и во случај на спор, кој не може да биде решен спогодбено, односно во случај на присилна наплата, за стварно и месно надлежен суд да биде Основниот граѓански суд во Скопје, како и медијаторите, нотарите и извршителите кои потпаѓаат под негово подрачје на надлежност.
  13. За нерешените во сегашните ОУ и Договорот за кредит прашања се применува постојното законодавство на Република Северна Македонија.

Овие Општи услови се изменети и дополнети и влегуваат во сила од 05.03.2024 година.