Документи
Тарифник
Согласно член 19-а став 5 од Законот за финансиски друштва (Сл.весник на РСМ бр. 169/2010; 53/2011; 112/2014; 153/2015; 23/2016; 173/2022; 154/2023) Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје за бренд XTRA на ден 01.09.2025 година го донесе следниот
I. Надоместоци и услуги:
1. Издавање на потврда за активен кредит и износ на долг по образец на Доверителот - 700 денари
2. Издавање на потврда за затворен кредит по образец на Доверителот - 500 денари
3. Издавање на потврда за износ на долг за предвремено враќање на кредит по образец на Доверителот - 700 денари
4. Издавање на потврда за статус за активен(ни) договор(и) по образец на Доверителот (со детална информација за висина на рата на главнина, камата и други парични обврски кои произлегуваат од договорот за кредит) -- без заверка / со заверка - 800/1000 денари
5. Издавање на документ, кој не е вклучен во Тарифата, по образец и барање на Кредитокорисникот (по одобрување на содржината од Доверителот - 1500 денари
6. Испраќање на документ по барање на клиентот по курир до адреса на Кредитокорисникот со нормална пратка - 300 денари
7. Испраќање на документ по барање на Кредитокорисникот по курир до адреса на клиентот со експресна пратка - 600 денари
8. Рачно книжење на ратите од вработен на Доверителот, при плаќање во банка или во пошта, во случај ако клиентот неправилно го пополнил својот матичен број и бројот на договор(и) во цел на дознака - 150 денари
9. Известување за добиена уплата со SMS - 0 денари
10. Посета од кредитен консултант или вработен на Доверителот по барање на клиентот на договорено место со цел консултација, предавање на информација, документи или други материјали - 600 денари
11. Предоговарање на условите за користење на кредитот - 15% од износот на кредитот, мин. 3.000 денари
12. Испраќање на документ по барање на клиентот по електронска пошта - 50 денари
13. Издавање на заверена копија од документи по барање на клиентот - 300 денари
14. Испраќање на документ кој не е вклучен во Тарифата, по образец и барање на клиентот (по одобрување на содржината од Доверителот) до друга институција - 900 денари
15. Експресно издавање и праќање на документ или вршење на услуга опишана во Тарифникот: во рамките на 4 работни часа од пристигнување на плаќањето - 3 x стандардна тарифа
15.1 Експресно издавање и праќање на документ или вршење на услуга опишана во Тарифникот: во рамките на 8 работни часа од пристигнување на плаќањето - 2 x стандардна тарифа
15.2 Експресно издавање и праќање на документ или вршење на услуга опишана во Тарифникот: во рамките на 12 работни часа од пристигнување на плаќањето - 1.5 x стандардна тарифа
16. Надоместок за одложување на месечна рата (еднаш во месецот, и само еднаш за секоја месечна рата) - 1000 денари
17. Надоместок за промена на датумот на доспевање - 300 денари
18. Надоместок за неизвестување за промена на околностите - 3000 денари
Стандардни услови:
• Сите видови потврди се издаваат во рок од 7 (седум) работни дена од уплатата на надоместокот
• Потврдите се испраќаат до Кредитокорисникот преку неговиот клиентски профил на веб-страницата xtra.mk
• Без дополнителни привилегии или бенефиции
II. Дополнителна доброволна услуга - Пакет Multi:
Пакетот Multi претставува дополнителна услуга и истата не е задолжителна за Кредитобарателот и не претставува задолжителен предуслов за склучување на договорот на кредит и/или одобрување на кредитот.
Главни предности:
• Експресна обработка, експресна исплата и повластена услуга - Пакетот „Multi” овозможува експресна обработка на барањето за кредит и му овозможува на Корисникот експресно разгледување на барањето за кредит од страна на Доверителот и тоа во рок од 1 (еден) до 24 (дваесет и четири) часа сметано од приемот на барањето, во кој рок Доверителот го известува Корисникот дали неговото барање за кредит е одобрено или одбиено, под услов Корисникот да ги обезбедил и доставил сите потребни податоци за разгледување и одлучување по Апликацијата за кредит.
Во пакетот „Multi” експресната исплата на паричните средства, му овозможува на Корисникот исплата на одобрениот кредит во рок од 30 минути сметано од потпишувањето на Договорот за кредит. Овој пакет му овозможува на Корисникот издавање и праќање на документи, во рок од 5 работни дена од плаќање на цената предвидена во овој Тарифник.
• Побрзо издавање на документи - Сите видови потврди се издаваат во рок од 5 (пет) работни дена од уплатата на надоместокот
• Намалени надоместоци - Значително пониски надоместоци за најчесто користените услуги:
o Рачно книжење на рати: 75 денари (наместо 150 денари)
o Предоговарање на условите: 7,5% од износот (наместо 15%)
o Испраќање документи по е-пошта: 0 денари (наместо 50 денари)
o Заверени копии на документи: 150 денари (наместо 300 денари)
o Испраќање документи до други институции: 450 денари (наместо 900 денари)
o Експресно издавање: пониски множители од стандардната тарифа
o Одложување на месечна рата: 500 денари (наместо 1000 денари)
o Промена на датум на доспевање: 150 денари (наместо 300 денари)
• Календар за предвремена исплата - Увид во календар за предвремена отплата на кредитот со пресметка до 7 дена однапред
• Одложување на рата - Можност за одложување на месечна рата два пати за времетраење на кредитот, од кои едното одложување е со паричен надоместок согласно овој Тарифник.
• Основна заштита на кредитот - Осигурување од неможност за враќање на кредит поради смрт како последица на несреќен случај.
Пакет Multi - Еднократен надоместок на месечно ниво
Временски период на обезбедување на услугата, во месеци | Висина на еднократниот надоместок, изразен како процент од одобрениот износ на месечно ниво. Пакет Multi |
3 | 4.80% |
4 | 4.50% |
5 | 4.32% |
6 | 4.20% |
7 | 4.20% |
8 | 4.20% |
9 | 3.93% |
10 | 3.54% |
11 | 3.22% |
12 | 2.95% |
13 | 2.72% |
14 | 2.53% |
15 | 2.36% |
16 | 2.21% |
17 | 2.08% |
18 | 1.97% |
19 | 1.86% |
20 | 1.77% |
21 | 1.69% |
22 | 1.61% |
23 | 1.54% |
24 | 1.48% |
25 | 1.42% |
26 | 1.36% |
27 | 1.31% |
28 | 1.26% |
29 | 1.22% |
30 | 1.18% |
31 | 1.14% |
32 | 1.11% |
33 | 1.07% |
34 | 1.04% |
35 | 1.01% |
36 | 0.98% |
III. Дополнителна доброволна услуга - Пакет Total:
Пакетот Total претставува дополнителна услуга и истата не е задолжителна за Кредитобарателот и не претставува задолжителен предуслов за склучување на договорот на кредит и/или одобрување на кредитот.
Главни предности:
• Експресна обработка, експресна исплата и повластена услуга - Пакетот „Total” овозможува експресна обработка на барањето за кредит и му овозможува на Корисникот експресно разгледување на барањето за кредит од страна на Доверителот и тоа во рок од 1 (еден) до 24 (дваесет и четири) часа сметано од приемот на барањето, во кој рок Доверителот го известува Корисникот дали неговото барање за кредит е одобрено или одбиено, под услов Корисникот да ги обезбедил и доставил сите потребни податоци за разгледување и одлучување по Апликацијата за кредит.
Во пакетот „Total” експресната исплата на паричните средства, му овозможува на Корисникот исплата на одобрениот кредит во рок од 30 минути сметано од потпишувањето на Договорот за
кредит. Овој пакет му овозможува на Корисникот експресно издавање и праќање на документи, кои се наведени во овој Тарифник, пред сите други клиенти на Доверителот, со исклучок на оние кои го користат истиот пакет.
• Експресно издавање на документи - Сите видови потврди се издаваат во рок од 1 (еден) работен ден од уплатата на надоместокот
• Бесплатно користење на сите услуги - Сите дополнителни услуги од Тарифникот се со надоместок од 0 денари:
o Потврди за активен кредит, затворен кредит, предвремено враќање и статус: 0 денари
o Испраќање документи по курир (нормална и експресна пратка): 0 денари
o Рачно книжење на рати: 0 денари
o Посета од кредитен консултант: 0 денари
o Предоговарање на условите: 0 денари
o Испраќање документи по е-пошта и до други институции: 0 денари
o Експресно издавање и праќање на документи: 0 денари
o Одложување на рата и промена на датум на доспевање: 0 денари
• Комплетен календар за предвремена исплата - Достапен календар за предвремена отплата на кредитот во кој било момент до датумот на доспевање
• Одложување на рати - Можност за одложување на месечни рати до три пати во текот на отплатата на кредитот.
• Опција за дополнителна сума во профил - Можност за аплицирање директно од профилот за дополнителни средства под повластени услови
• Приоритетно извршување - Приоритетно извршување на проверки во врска со отплата на кредитот, рефинансирање и други комуникации пред сите други клиенти
• Целосна заштита на кредитот - Осигурување од неможност за враќање на кредит поради смрт или целосен траен инвалидитет како последица на несреќен случај.
Пакет Total - Еднократен надоместок на месечно ниво
Временски период на обезбедување на услугата, во месеци | Висина на еднократниот надоместок, изразен како процент од одобрениот износ на месечно ниво. Пакет Тотал |
3 | 6.40% |
4 | 6.00% |
5 | 5.76% |
6 | 5.60% |
7 | 5.60% |
8 | 5.60% |
9 | 5.24% |
10 | 4.72% |
11 | 4.29% |
12 | 3.93% |
13 | 3.63% |
14 | 3.37% |
15 | 3.15% |
16 | 2.95% |
17 | 2.78% |
18 | 2.62% |
19 | 2.48% |
20 | 2.36% |
21 | 2.25% |
22 | 2.15% |
23 | 2.05% |
24 | 1.97% |
25 | 1.89% |
26 | 1.82% |
27 | 1.75% |
28 | 1.69% |
29 | 1.63% |
30 | 1.57% |
31 | 1.52% |
32 | 1.48% |
33 | 1.43% |
34 | 1.39% |
35 | 1.35% |
36 | 1.31% |
За прашања кои не се решени во овој Тарифник, се применуваат условите на Договорот за кредит и неговите Анекси.
Овој Тарифник е донесен од менаџментот на ФД КРЕДИСИМО ДОО Скопје на 01.09.2025. година, од кој датум стапува во сила и на кој датум е објавена и на веб-страницата xtra.mk.