Документи
Lista Tarifore
Согласно член 19-а став 5 од Законот за финансиски друштва (Сл.весник на РСМ бр. 169/2010; 53/2011; 112/2014; 153/2015; 23/2016; 173/2022; 154/2023) Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје за бренд XTRA на ден 12.03.2025 година го донесе следниот
I. Надоместоци и услуги:
1. Издавање на потврда за активен кредит и износ на долг по образец на Доверителот - 700 денари
2. Издавање на потврда за затворен кредит по образец на Доверителот - 500 денари
3. Издавање на потврда за износ на долг за предвремено враќање на кредит по образец на Доверителот - 700 денари
4. Издавање на потврда за статус за активен(ни) договор(и) по образец на Доверителот (со детална информација за висина на рата на главнина, камата и други парични обврски кои произлегуваат од договорот за кредит) -- без заверка / со заверка - 800/1000 денари
5. Издавање на документ, кој не е вклучен во Тарифата, по образец и барање на Кредитокорисникот (по одобрување на содржината од Доверителот - 1500 денари
6. Испраќање на документ по барање на клиентот по курир до адреса на Кредитокорисникот со нормална пратка - 300 денари
7. Испраќање на документ по барање на Кредитокорисникот по курир до адреса на клиентот со експресна пратка - 600 денари
8. Рачно книжење на ратите од вработен на Доверителот, при плаќање во банка или во пошта, во случај ако клиентот неправилно го пополнил својот матичен број и бројот на договор(и) во цел на дознака - 150 денари
9. Известување за добиена уплата со SMS - 0 денари
10. Посета од кредитен консултант или вработен на Доверителот по барање на клиентот на договорено место со цел консултација, предавање на информација, документи или други материјали - 600 денари
11. Предоговарање на условите за користење на кредитот - 15% од износот на кредитот, мин. 3.000 денари
12. Испраќање на документ по барање на клиентот по електронска пошта - 50 денари
13. Издавање на заверена копија од документи по барање на клиентот - 300 денари
14. Испраќање на документ кој не е вклучен во Тарифата, по образец и барање на клиентот (по одобрување на содржината од Доверителот) до друга институција - 900 денари
15. Експресно издавање и праќање на документ или вршење на услуга опишана во Тарифникот: во рамките на 4 работни часа од пристигнување на плаќањето - 3 x стандардна тарифа
15.1 Експресно издавање и праќање на документ или вршење на услуга опишана во Тарифникот: во рамките на 8 работни часа од пристигнување на плаќањето - 2 x стандардна тарифа
15.2 Експресно издавање и праќање на документ или вршење на услуга опишана во Тарифникот: во рамките на 12 работни часа од пристигнување на плаќањето - 1.5 x стандардна тарифа
16. Надоместок за одложување на месечна рата (еднаш во месецот, и само еднаш за секоја месечна рата) - 1000 денари
17. Надоместок за промена на датумот на доспевање - 300 денари
18. Надоместок за неизвестување за промена на околностите - 3000 денари
Стандардни услови:
• Сите видови потврди се издаваат во рок од 7 (седум) работни дена од уплатата на надоместокот
• Потврдите се испраќаат до Кредитокорисникот преку неговиот клиентски профил на веб-страницата xtra.mk
• Без дополнителни привилегии или бенефиции
II. Дополнителна доброволна услуга - Пакет Multi:
Пакетот Multi претставува дополнителна услуга и истата не е задолжителна за Кредитобарателот и не претставува задолжителен предуслов за склучување на договорот на кредит и/или одобрување на кредитот.
Главни предности:
• Побрзо издавање на документи - Сите видови потврди се издаваат во рок од 5 (пет) работни дена од уплатата на надоместокот
• Намалени надоместоци - Значително пониски надоместоци за најчесто користените услуги:
o Рачно книжење на рати: 75 денари (наместо 150 денари)
o Предоговарање на условите: 7,5% од износот (наместо 15%)
o Испраќање документи по е-пошта: 0 денари (наместо 50 денари)
o Заверени копии на документи: 150 денари (наместо 300 денари)
o Испраќање документи до други институции: 450 денари (наместо 900 денари)
o Експресно издавање: пониски множители од стандардната тарифа
o Одложување на месечна рата: 500 денари (наместо 1000 денари)
o Промена на датум на доспевање: 150 денари (наместо 300 денари)
• Календар за предвремена исплата - Увид во календар за предвремена отплата на кредитот со пресметка до 7 дена однапред
• Одложување на рата - Можност за одложување на месечна рата два пати за времетраење на кредитот, од кои едното одложување е со паричен надоместок согласно овој Тарифник.
Пакет Multi - Еднократен надоместок на месечно ниво
Временски период на обезбедување на услугата, во месеци | Висина на еднократниот надоместок, изразен како процент од одобрениот износ на месечно ниво. Пакет Multi |
3 | 4.80% |
4 | 4.50% |
5 | 4.32% |
6 | 4.20% |
7 | 4.20% |
8 | 4.20% |
9 | 3.93% |
10 | 3.54% |
11 | 3.22% |
12 | 2.95% |
13 | 2.72% |
14 | 2.53% |
15 | 2.36% |
16 | 2.21% |
17 | 2.08% |
18 | 1.97% |
19 | 1.86% |
20 | 1.77% |
21 | 1.69% |
22 | 1.61% |
23 | 1.54% |
24 | 1.48% |
25 | 1.42% |
26 | 1.36% |
27 | 1.31% |
28 | 1.26% |
29 | 1.22% |
30 | 1.18% |
31 | 1.14% |
32 | 1.11% |
33 | 1.07% |
34 | 1.04% |
35 | 1.01% |
36 | 0.98% |
III. Дополнителна доброволна услуга - Пакет Total:
Пакетот Total претставува дополнителна услуга и истата не е задолжителна за Кредитобарателот и не претставува задолжителен предуслов за склучување на договорот на кредит и/или одобрување на кредитот.
Главни предности:
• Експресно издавање на документи - Сите видови потврди се издаваат во рок од 1 (еден) работен ден од уплатата на надоместокот
• Бесплатно користење на сите услуги - Сите дополнителни услуги од Тарифникот се со надоместок од 0 денари:
o Потврди за активен кредит, затворен кредит, предвремено враќање и статус: 0 денари
o Испраќање документи по курир (нормална и експресна пратка): 0 денари
o Рачно книжење на рати: 0 денари
o Посета од кредитен консултант: 0 денари
o Предоговарање на условите: 0 денари
o Испраќање документи по е-пошта и до други институции: 0 денари
o Експресно издавање и праќање на документи: 0 денари
o Одложување на рата и промена на датум на доспевање: 0 денари
• Комплетен календар за предвремена исплата - Достапен календар за предвремена отплата на кредитот во кој било момент до датумот на доспевање
• Одложување на рати - Можност за одложување на месечни рати до три пати во текот на отплатата на кредитот.
• Опција за дополнителна сума во профил - Можност за аплицирање директно од профилот за дополнителни средства под повластени услови
• Приоритетно извршување - Приоритетно извршување на проверки во врска со отплата на кредитот, рефинансирање и други комуникации пред сите други клиенти
Пакет Total - Еднократен надоместок на месечно ниво
Временски период на обезбедување на услугата, во месеци | Висина на еднократниот надоместок, изразен како процент од одобрениот износ на месечно ниво. Пакет Тотал |
3 | 6.40% |
4 | 6.00% |
5 | 5.76% |
6 | 5.60% |
7 | 5.60% |
8 | 5.60% |
9 | 5.24% |
10 | 4.72% |
11 | 4.29% |
12 | 3.93% |
13 | 3.63% |
14 | 3.37% |
15 | 3.15% |
16 | 2.95% |
17 | 2.78% |
18 | 2.62% |
19 | 2.48% |
20 | 2.36% |
21 | 2.25% |
22 | 2.15% |
23 | 2.05% |
24 | 1.97% |
25 | 1.89% |
26 | 1.82% |
27 | 1.75% |
28 | 1.69% |
29 | 1.63% |
30 | 1.57% |
31 | 1.52% |
32 | 1.48% |
33 | 1.43% |
34 | 1.39% |
35 | 1.35% |
36 | 1.31% |
За прашања кои не се решени во овој Тарифник, се применуваат условите на Договорот за кредит и неговите Анекси.
Овој Тарифник е донесен од менаџментот на ФД КРЕДИСИМО ДОО Скопје на 12.03.2025. година, од кој датум стапува во сила и на кој датум е објавена и на веб-страницата xtra.mk.